298
Европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји, денеска во Брисел разговараше со вицепремиерот на Косово и главен преговарач во дијалогот со Белград, Бесник Бисљими, за реформите на кои треба да се фокусира Приштина, во согласност со неодамнешниот извештај на Европската комисија.
Бисљими, како што соопштија вчера од кабинетот на премиерот Албин Курти, отпатувал за Брисел со цел да се информира и координира со европските партнери за барањето на Приштина за членство во ЕУ.
„Разговарав со Бесник Бисљими за реформите на кои треба да се фокусира Косово, во согласност со неодамнешниот извештај на Комисијата на ЕУ. Беше нагласена важноста од брзото спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан“, напиша Вархеји на Твитер.