208
Одлуката на магазинот „Тајм“ да го избере украинскиот претседател Владимир Зеленски за личност на годината за 2022 година се вклопува во општите русофобични чувства на Европа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков истакна дека магазинот „Тајм“ има свои критериуми и уредувачка политика со која не мора секој да се согласува.
„Меѓутоа, во овој случај, уредувачките директиви на списанието остануваат антируски и жестоко русофобични“, изјави Песков за новинарите, пренесе ТАСС.