145
Турција потврди дека е подготвена да им пружи максимална поддршка на Русија и Украина за што поскоро завршување на војната, соопшти денеска турското министерство за надворешни работи.
Соопштението доаѓа по консултациите што во Истанбул ги одржаа рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершинин и неговиот турски колега Седат Онал, пренесе ТАСС.
„Инсистиравме дека војната во Украина треба да заврши што е можно поскоро и нагласивме дека е неопходно продолжување на преговорите за да се најде праведно и одржливо решение. Потврдивме дека сме подготвени да обезбедиме максимална можна поддршка на сите страни“, соопшти турското министерство за надворешни работи.