Османи утре во работна посета на Египет

од Stefanija Kuzmanovska
143 прегледи

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на актуелен претседавач со Медитеранската група за соработка на ОБСЕ и иден претседавач со Организацијата, утре ќе престојува во работна посета на Арапската Република Египет.

За време на посетата, Османи ќе се сретне со неговиот хомолог, министерот за надворешни работи, Самех Хасан Шукри Селим и министерот за трговија и индустрија, Ахмед Самир Салех.

Во фокусот на дискусиите ќе биде натамошното унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Египет, како и економската соработка и зголемување на трговската размена. Воедно, акцент ќе се стави и на актуелните меѓународни прашања и безбедносните предизвици во регионот на ОБСЕ, како и надворешно-политичките приоритети и состојби во непосредното опкружување на двете земји.

Слични содржини