Шатори и дрва за греење на барикадите на северот на Косово

од Nikola Popovski
206 прегледи

Премините меѓу Косово и Србија, Јариње и Брњак се уште се затворени за пешаци и сообраќај, а единствениот премин е преку Мердар, јавува „N1“.

Како што јави репортерот на „N1“, од Јариње до Звечани синоќа имало неколку барикади, а најмногу луѓе имало на барикадата кај Рударе – каде целосно го блокирале сообраќајот од Звечани кон Приштина. Тие подигнале шатори и носеле дрва за да се стоплат. Според телевизијата, на оваа барикада има меѓу 100 и 150 луѓе.

Барикада е поставена и на патниот правец Митровица – Зубин Поток, кон пунктот Брњак.

Не се случи она што беше споменато во текот на денот – припадниците на косовските полициски сили насилно да ги тргнат барикадите.

Косовскиот премиер Албин Курти претходно денеска го повика КФОР да ја гарантира слободата на движење, наведувајќи дека „барикадите се организирани од криминални групи кои пукаат во косовската полиција и полицијата на ЕУЛЕКС“.

Фото: N1

Слични содржини