Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, вечерва на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ што се одржа во општина Сопиште порача дека граѓаните сакаат сигурен и спокоен живот по европски стандарди, а гарант на тоа е само политикатаа и визијата на СДСМ.
-СДСМ промени многу состојби во државата на подобро. После 17 години успеавме и ги започнавме преговорите со ЕУ. Ние сме тие кои се обврзавме државата да ја реформираме и да правиме промени за идните генерации. Граѓаните сакаат сигурен и спокоен живот по европски стандарди, а гарант на тоа е само политиките и визијата на СДСМ, порача Маричиќ.
Маричиќ рече дека никогаш ВМРО-ДПМНЕ немаше храброст да носи тешки одлуки за државата, бидејќи секогаш власта им била поважна од иднината на државата и нагласи дека СДСМ секогаш имал јасна цел кога носел државнички одлуки: Да ја помести државата од мртва точка, каде ВМРО-ДПМНЕ ја остави и во тоа успеа.
– За СДСМ секогаш најважен бил интересот на граѓаните и државата. Затоа денес сме земја која има европски партнери и пријатели. Земја која за ЕУ е кредибилен партнер и сојузник. Ние секогаш сме избираме пат кој води до стабилност, безбедност, просперитет и економски развој на државата, во тоа граѓаните да се сигурни, истакна Маричиќ.