176
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска објави дека указот на рускиот претседател Владимир Путин кој ќе одговори на одлуката на Западот да наметне ограничување на цената на руската нафта, се очекува оваа недела.
„Да, ќе ве информираме штом ќе излезе“, рече Песков како одговор на поврзаното прашање за деталите и датумот на објавување на указот, пренесе ТАСС.
Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека Москва размислува да го намали производството на нафта како одговор на одлуката на западните земји да ја ограничуваат цената на руската нафта.