„Best buy“ автомобил на годината е Renault Austral

од Vladimir Zorba
331 прегледи

Новиот кросовер на францускиот производител ја освои титулата „Autobest 2023“.

Титулата „The Best Buy Car of Europe in 2023“ му припадна на моделот Renault Austral, за кој одлучи меѓународно жири составено од автомобилски новинари кои веруваат дека овој автомобил најдобро ги задоволува барањата на европските купувачи.

Со вкупно 14.937 поени, Austral го зазеде првото место пред новата генерација на Opel Astra, која освои 13.986 поени, додека третопласираниот Peugeot 308 имаше 13.933 поени, само 53 поени помалку од второпласираниот сестрински модел.

Потсетуваме дека минатогодишниот победник на изборот за „Autobest 2022“ беше електричниот модел Dacia Spring, бренд кој исто така е во сопственост на компанијата Renault.