Земјотрес со интензитет од 4,3 степени го погоди Авганистан

од Radmila Tasevska
120 прегледи

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди југоисточен Авганистан и бил почувствуван и во Кабул.

Земјотресот се случил на длабочина од 120 километри.

Во моментов нема извештаи за жртви или материјална штета.

Во јуни, во земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала загинаа повеќе од 1.000 луѓе во источниот дел на државата.

Слични содржини