Властите на Украина користат тоталитарни методи против Украинската православна црква, таквата војна против Бог може да доведе до „самоуништување“ на украинската држава, се вели во обраќањето на Синодот на Украинската православна црква упатено до Володимир Зеленски.
– Кај нас нема место за оние средства и технологии кои ја навредуваат и презираат Црквата и цинично ги навредуваат верските чувства на милиони верници. Тоа се методите што ги користеле безбожните власти во времето на советскиот тоталитаризам. Во тоа време, стотици илјади свештеници, монаси и верници беа лишени од нивните човекови права, монасите и мирјаните беа прогонувани и убиени, кои сега ги почитуваме како маченици и херои – се наведува во обраќањето на Украинската православна црква, на чело со митрополитот Киевски и на цела Украина Онуфри.
Синодот забележа дека Украина се обидува да го надмине тоталитарното минато, „но вистинската декомунизација мора да се случи во човечката свест“.
– Надминувањето на остатоците од комунистичкиот систем е невозможно ако дозволиме да се користат неговите методи, особено во правниот, јавниот и информативниот простор. Во никој случај не треба да водиме војна против Бога, бидејќи тоа е патот до самоуништување – заклучуваат од УПЦ.