Најскапиот Cadillac – почетна цена од 300.000 долари

од Radmila Tasevska
215 прегледи

И покрај огромната цена, побарувачката е над сите очекувања.

Cadillac се враќа на сцената како најлуксузен американски производител на автомобили, но и како бренд чиј имиџ може да биде успешен надвор од границите на домашниот пазар.

Иако почетната цена на овој Cadillac, кој претежно се прави рачно, изнесува дури 300.000 американски долари, сè повеќе луѓе го посакуваат токму овој модел.

И ќе се чека, бидејќи првите испораки почнуваат за една година, а списокот на чекање е веќе над 18 месеци. Ова го откри Тони Рома, главниот инженер на проектот Celestiq, во поткастот Autoline Network.

Многу од нив веќе кренаа раце, многу повеќе отколку што ќе можеме да изградиме во првата година или 18 месеци“, рече Рома.

Слични содржини