239
Десетици милиони Американци се соочуваат со екстремно ниски температури, снежни бури, прекини на струја, додека божиќните собири за викендот се откажани поради невидена снежна бура која ќе зафати 60 отсто од населението на САД.
Слична е ситуацијата во делови од Канада, особено во Онтарио, каде што се откажани многу летови.
Повеќе од 200 милиони луѓе, или околу 60 отсто од населението на САД, од денес се под некаков вид предупредување за временски услови, објави американската Национална метеоролошка служба, пренесе АП.