ХОРОР ВО РУСИЈА Огромен пожар избувна во илегален дом за стари лица, загинаа 20 лица

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Бројот на лицата кои загинаа во пожар во илегален дом за стари лица во Кемерово во западен Сибир се искачи на 20, соопшти денеска итната помош.

– На местото на пожарот спасувачите продолжуваат да работат во услови на ниска температура на воздухот. Според последните податоци загинале 20 лица – се вели во соопштението на итната помош.

По пожарот е поведена кривична постапка за предизвикување смрт од невнимание.

Гувернерот на Кузбас, Сергеј Цивилев изјави дека по пожарот ќе бидат анализирани сите институции од овој тип, пред се приватните.

– Ќе ги провериме сите институции од ваков тип, пред се приватните. Проверките ќе завршат за една недела – напиша Цивилев на својот канал „Телеграм“.

Пожарот избувнал во двокатна дрвена зграда од приватен дом за стари лица во Кемерово.

Органите на прогонот за ТАСС велат дека овој дом за стари лица бил отворен незаконски.