Брнабиќ: Насилното отстранување на барикадите би било напад врз жени, деца и постари лица

од Radmila Tasevska
210 прегледи

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денес изјави дека не верува во сценарио во кое косовската полиција насилно би ги отстранила барикадите на северот на Косово, како и дека не знае како да разговара за француско-германското предлог кога Бриселскиот договор сè уште не е спроведен.

Зборувајќи за барикадите на северот на Република Косово, Брнабиќ истакна дека косовската полиција не треба ни да помисли насилно да ги отстрани бидејќи тоа би било напад врз жените и децата, постарите луѓе и воспитувачите кои се на нив.

„Не верувам во такво сценарио. Има доволно разум кај меѓународните актери, пред сè КФОР“, рече премиерката одговарајќи на новинарски прашања.

Слични содржини