106
Советникот на украинскиот претседател, Михаило Подољак, денес повика на уништување на иранските фабрики за беспилотни летала и ракети, како и апсење на нивните добавувачи.
Подољак на Твитер напиша дека Иран непромислено прекршува меѓународни санкции и дека поради тоа треба да се уништат иранските фабрики за оружје, објави Ројтерс.