Тјунерот Vath се пофали со пакет за Mercedes-AMG CLA 45 S, кој освен што го засилува моторот, вклучува и други елементи.
Така, наместо 421 КС и 500 Nm, овој CLA 45 S Shooting Brake има 490 КС и 620 Nm вртежен момент, па забрзувањето од 0-100 km/h трае 3,7 секунди (0,3 секунди подобро во споредба со серискиот модел).
Тјунерот не ја одредува максималната брзина во краткото соопштение.
Има и изменета суспензија (автомобилот е понизок за 20 mm), 20-инчни тркала со гуми 265/30, како и посилни сопирачки (390 mm дискови).