Српскиот патријарх Порфирије со чудење ја примил веста дека властите во Приштина денес му забраниле, пред големиот празник Рождество Христово, што го празнува целиот христијански свет, да пристигне во Пеќската патријаршија, која е прво и вековното седиште на Српската православна црква и манастирот чиј игумен е патријарх, односно старешина, соопштија од Кабинетот на Српскиот патријарх.
Се наведува дека Патријархот Пофририј не се откажува од намерата да служи божествена служба во Пеќката патријаршија и дека очекува таа, како што се наведува, крајно дискриминаторската одлука да биде укината и да престане да се газат човековите права и верските слободи на православните Срби кои живеат во покраината, на земјата на нивните предци, каде што српскиот народ непрекинато живее најмалку 1.500 години, пренесува Танјуг.
Патријархот Порфирије се моли на Бога за мир и добра волја меѓу сите луѓе, а особено се моли да завладее мир меѓу Србите и Албанците на Косово и Метохија, каде што живеат заедно со векови, се вели во соопштението од кабинетот на српскиот патријарх.