Кина од јануари го укинува карантинот за патниците

од Stefanija Kuzmanovska
237 прегледи

Кина ќе го укине карантинот за патниците од 8 јануари, соопштија официјални лица.

По три години затворени граници, Кина повторно ќе ја отвори земјата за оние со работна и студиска виза или за оние кои сакаат да го посетат семејството, јавува Би-Би-Си.

Сепак, одлуката доаѓа кога Кина се бори со ширењето на вирусот по укинувањето на ограничувањата.

Извештаите покажуваат дека болниците се преполни и има многу смртни случаи.

Вистинскиот биланс на дневниот број случаи, како и смртни случаи во моментов е непознат бидејќи официјалните лица престанаа да објавуваат податоци за ковид.

Пекинг регистрираше околу 4.000 нови инфекции секој ден минатата недела и неколку смртни случаи.

Слични содржини