Итен состанок на Путин и Лукашенко: „Одвреме-навреме се јавуваат некои проблеми“

од Stefanija Kuzmanovska
134 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин се сретна со белорускиот лидер Александар Лукашенко двапати во последните 24 часа за да „финализира многу прашања“, пренесе белоруската агенција „Белта“.

Состаноците се одржаа во Санкт Петербург, утрово за време на појадокот во Рускиот музеј, како и на неформалниот самит на Заедницата на независни држави (ЗНД) вчеравечер, пренесува агенцијата.

„Вчера разговаравме на многу теми не само на чај, туку и доцна навечер кога се враќавме дома. Понекогаш потребни се години за некои земји да разговараат за толку многу работи за толку кратко време. Во меѓувреме, во вечерните часови ставивме многу точки продолжувајќи го нашиот дијалог од Минск, бидејќи најмногу се работеше за економијата“, рече Лукашенко.

Путин утрово го покани Лукашенко на појадок за да разговара за „билатералните односи“ и други важни прашања, пренесе „Белта“.

„Иако постојано сме во контакт, одвреме-навреме се јавуваат некои проблеми, па мораме да се справиме со нив и да ги донесеме потребните одлуки за да ги решиме поефикасно“, изјави Путин.

Слични содржини