Русија и Кина ги завршија заедничките поморски воени вежби

од Stefanija Kuzmanovska
176 прегледи

Русија и Кина ги завршија еднонеделните заеднички поморски вежби во Источното Кинеско Море, за време на кои вежбаа операција за ослободување на запленет брод, како и поморско пребарување и спасување, соопшти руското министерство за одбрана.

Покрај тоа, бродовите на овие две земји, со поддршка на противподморнички авиони, лоцираа имагинарна непријателска подморница и ја уништија со длабински бомби со ракетни погони, пренесе ТАСС.

Во соопштението се наведува дека здружените сили го гранатирале бродот со боева муниција, како и дека користеле системи за противвоздушна одбрана за соборување цели од воздух.

Слични содржини