Киев: Околу 15.000 луѓе се водат за исчезнати во Украина од крајот на февруари

од Radmila Tasevska
189 прегледи

Од почетокот на војната во Украина, околу 15.000 лица се пријавени како исчезнати во Украина, изјави денес државната правобранителка за правата на воените затвореници и советник на украинскиот претседател, Алена Вербицкаја.

Во интервју за РНД, таа посочи дека Русија потврдила дека држи 3.392 украински затвореници и дека дури 15.000 луѓе, меѓу кои и многу цивили, се пријавени како исчезнати во Украина.

Вербицкаја истакна дека Киев не знае ништо за исчезнатите, пренесе ТАСС.