Кина го повика Вашингтон да ги прекине воените контакти со Тајван

од Radmila Tasevska
142 прегледи

Кина денес го повтори своето противење на потенцијалната продажба на американско оружје на Тајван, откако Вашингтон одобри продажба на противтенковски систем за поставување мини на островот.

Според извештаите, потенцијалната продажба би била вредна околу 180 милиони долари.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, го повика Вашингтон веднаш да ги прекине воените контакти со Тајван, пренесува ТАСС.

Слични содржини