Приведен криминалец баран со потерница

од Vladimir Zorba
143 прегледи

На 30.12.2022 во 16.30 часот во с.Визбегово-скопско од полициски службеници од Оперативен тим потраги и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода З.Л.(28) од с.Вражале.

За него била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ на РСМ.

Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа.

Слични содржини