225
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот казахстански колега Касим-Жомарт Токаев телефонски разговарале за прашања за соработка во енергетскиот сектор, соопшти денес Кремљ.
„Тие разговараа за прашања за соработка во некои клучни области, вклучувајќи го енергетскиот сектор и горивото“, се вели во соопштението на прес-службата на Кремљ, пренесува ТАСС.
Исто така, како што е наведено, двајцата лидери разговарале за високото ниво на руско-казахстанските односи и си ја честитале Новата година.