143
Бахмут, град на истокот на Украина, за време на новогодишните празници го посети Евгениј Пригожин, „готвачот“ на Путин и шеф на злогласната групација Вагнер. Бидејќи борбите околу овој град продолжуваат, а Русите имаат мал или никаков напредок, Пригожин мораше да даде објаснување зошто е тоа така.
„Украинците имаат сто линии на одбрана. Тие се наоѓаат приближно на секои 10 метри, а на Русија и недостасуваат возила и опрема“, рече Пригожин.