Вака изгледа замокот на Роналдо од 14 милиони евра во Ријад: Ќе може да го угости целиот тим!

од Radmila Tasevska
259 прегледи

За најплатените – замок. Кралот на фудбалот, кога е платата во прашање, треба да живее кралски. Да потсетиме, Кристијано Роналдо потпиша договор со Ал Наср на две и пол години вреден половина милијарда евра!

Роналдо пристигна во Саудиска Арабија, каде во вторникот беше претставен пред новинарите. Сè додека го носи дресот на овој клуб, ќе живее во замок!

Како што пишува Daily Mail, замокот се наоѓа во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, во една од најпрестижните квартови Ал Мухамадијах. Во истиот „двор“ има осум спални соби, но и три помали вили. Ќе може, ако сака, да го угости целиот тим на Ал Наср! Ќе има доволно простор за сите.

На влезот во овој комплекс има водопад, секако има и олимписки базен. Замокот е проценет на 14 милиони евра! Децата на Роналдо ќе одат во меѓународно училиште во Ал Нахел.

Слични содржини