148
Чешките власти ќе уништат 750.000 кокошки на фарма, по најголемата епидемија на птичји грип досега, објави денес Ројтерс.
Птичјиот грип беше откриен минатата недела, на околу 150 километри западно од Прага, а властите во вторникот почнаа со подготовки за уништување на 220.000 кокошки.
Меѓутоа, чешката државна ветеринарна управа (СВС) денес соопшти дека грипот се проширил низ фармата и дека е донесена одлука да се уништи целата живина од таа локација.