128
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата земја ќе испорача „лесни борбени тенкови“ на Украина, соопштија од Елисејската палата.
Во телефонски разговор со неговиот украински колега Володимир Зеленски, Макрон рече дека Франција сака да ја зголеми воената помош за Украина.
„Претседателот (Макрон) сака да ја засили воената помош со испорака на лесни борбени тенкови AMX-10 RC“, додало француското претседателство.
Елисејската палата изјави дека ова ќе бидат први такви западни тенкови доставени до украинските вооружени сили.