Германија ќе ги приспособи испораките на оружје за Украина на потребите на бојното поле

од Radmila Tasevska
118 прегледи

Германскиот вицеканцелар Роберт Хабек изјави денес дека земјата секогаш ќе ја приспособува испораката на оружје за Украина во согласност со потребите на бојното поле.

„Нема да застанеме со испораките на оружје за Украина. Секогаш ќе ги прилагодуваме нашите испораки според потребите на бојното поле“, рече Хабек на норвешка деловна конференција, пренесе Ројтерс.

Официјален претставник на Елисејската палата вчера изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон му потврдил на својот украински колега Володимир Зеленски дека Франција ќе испрати на Украина лесни борбени оклопни возила АМКС-10 РЦ за помош во војната против Русија.

Слични содржини