Уапсен 20-годишен скопјанец баран по централна потерница за издржување казна затвор

од Radmila Tasevska
160 прегледи

Денес во 13:40 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, на улица „Стив Наумов“ во Скопје го лишиле од слобода 20-годишниот скопјанец М.К..

Како што соопштија од МВР; тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од две години и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.

Слични содржини