Американскиот Hennessey ја прошири понудата на моделот Venom F5, а верзијата Revolution е фокусирана за патеката.
Автомобилот е придвижуван од Hennessey 6,6 литарски V8 твин-турбо мотор со 1817 КС и 1617 Nm вртежен момент како и остатокот од семејството F5. Сепак, Venom F5 Revolution е најлесниот од групата, со тежина од 1.360 килограми.
Hennessey направи промени и во аеродинамиката и суспензијата на автомобилот. Големото, прилагодливо задно крило помага да се зголеми потисната сила на автомобилот, испорачува 362 кг при 300 км/ч. Таа бројка се искачува на 635 kg потисна сила при 400 km/h. Моќта се испраќа до задните тркала преку автоматизиран менувач.
Hennessey инсталираше поголем преден сплитер од јаглеродни влакна, нов заден дифузор и отвор на покривот што внесува воздух во просторот на моторот.
Американската компанија го опреми и Venom F5 Revolution со прилагодливи амортизери кои овозможуваат калибрација на патеката со едноставни алатки. Исто така, треба да се споменат и поголемите алуминиумски тркала.
Hennessey ќе го понуди Venom F5 Revolution со вграден телеметриски систем, кој овозможува следење во реално време. Ги следи времињата на круговите, G-силите во свиоци и други информации.
Venom F5 Revolution ќе биде премиерно прикажан на 15 јануари на саемот за автомобили во Мајами (2023 Miami Motorcar Cavalcade Concours d’Elegance), а планирани се само 24 примероци, секој по цена од 2,7 милиони долари.
Според Hennessey, многу се веќе продадени, а останале само неколку.