103
Високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, во име на Европската Унија, најостро ги осуди „шокантни акти на политичко насилство и неприфатлив напад врз демократијата“ во Бразил и изрази солидарност со претседателот Лула и бразилските институции во одбрана на демократијата.
Тој ги поздрави напорите да се истражат одговорните за нападите врз бразилската демократија и за вандалските дејствија врз јавниот имот и историското национално наследство.
Во соопштението за медиумите, ЕУ потсетува дека остварувањето на демократските права и слободи мора да се одвива со почитување на Уставот и демократски избраните институции.