144
Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Украина е де факто членка на НАТО.
Резников изјави за Би-Би-Си дека е сигурен дека Украина ќе добие нови пратки оружје од западните земји, вклучувајќи тенкови и борбени авиони.
„Украина како земја и вооружените сили на Украина станаа членка на НАТО. Де факто, а не де јуре (според законот). Затоа што имаме оружје и знаеме како да го користиме“, посочи Резников.