Вучиќ: Границите на Србија не ги одредува Курти, не знаев дека и тој е НАТО

од Nikola Popovski
240 прегледи

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија има свои граници, кои не се ниту руски, ниту граници на НАТО, туку утврдени со Повелбата на ОН и резолуцијата 1244.

По посетата на работите на изградбата на делот од брзата пруга Нови Сад-Суботица, запрашан да ја коментира изјавата на Курти, дека границите на Србија и Косово се границите на Русија и НАТО, Вучиќ рече дека ова е уште една од очајните политички пораки со кои Курти се обидува да се претстави како нов Зеленски и голема жртва, а него како мал Путин.

„Не знаев дека Курти во меѓувреме стана НАТО. Ние имаме своја држава која ја сакаме најмногу во светот со која се фалиме и се гордееме. Името на таа држава е Србија и границите не ги одредувате вие ​​туку меѓународното јавно право“, рече претседателот на Србија.

Тој додаде дека во последно време слуша многу глупости и дека негова работа е да ја води државата како независна, суверена, слободна и слободарска земја и дека е горд што го прави тоа.

На прашањето да го коментира интервјуто со Едвард Џозеф во кое тој тврди дека Вучиќ ги довел во заблуда НАТО, ЕУ и Србите од Косово, Вучиќ одговори дека згрешил што го спомнал Џозеф, бидејќи тој, сепак, е претседател на државата.

„Тој ја води хајката затоа што се плаши. И она што го знам за него, не мислам да го споделам јавно, бидејќи сепак јас сум претседател. Јас сум човек кој знае што е за јавноста, а што не“, рече Вучиќ.

Слични содржини