Имотот на Елвис Присли во Мемфис го наследуваат неговите три внуки

од Radmila Tasevska
214 прегледи

Познатиот имот на Елвис Присли, Грејсленд во Мемфис, ќе го наследат неговите три внуки по смртта на Лиза Мари Присли, единствената ќерка на „кралот на рокенролот“.

Нејзините три ќерки Рајли, Харпер и Финли ќе станат наследнички на овој имот, а нивниот претставник потврдил дека Лиза Мари ќе биде погребана во Грејсленд, покрај нејзиниот син Бенџамин, кој се самоуби во 2020 година, пренесува Гардијан.

Во соопштението на официјалниот Твитер профил на имотот Грејсленд, семејството Присли објави дека е „шокирано и уништено“ од ненадејната смрт на Лиза Мари Присли (54), која само два дена пред нејзината смрт присуствуваше на доделувањето на Златните глобуси каде актерот Остин Батлер доби награда за улогата на нејзиниот татко во филмот „Елвис“.