197
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека реформата на пензискиот систем планирана од неговата влада е „праведна и одговорна“ и мора да се спроведе.
„Мораме да го спроведеме ова“, рече Макрон, говорејќи во Мадрид на заедничката прес-конференција со шпанскиот премиер, пренесе „Ројтерс“.
По тој повод, Макрон ги повика демонстрантите против пензиските реформи да не прибегнуваат кон насилство или вандализам.