Најновите вести доаѓаат од Google и тие не се добри. Имено, оваа технолошка компанија им се придружува и на колегите од индустријата кои подготвуваат или веќе извршиле масовни отпуштања поради последиците од економската состојба во светот.
Како што пренесе „АП“, Google планира да отпушти 12.000 работници, дури 1.000 повеќе од Microsoft.
Извршниот директор на гигантот од Силиконската долина, Сундар Пичаи, ја сподели веста во петокот преку е-пошта до персоналот која, исто така, беше објавена на блогот на компанијата.
Тој рече дека компанијата вработувала за време на „период на драматичен раст“ во последните две години, но дека тоа е „поинаква економска реалност од онаа со која се соочуваме денес“.
Amazon веќе најави отпуштање на повеќе од 18.000 работници, додека минатата година беше обележана со масовни отпуштања на Twitter и Meta.