Москва тврди дека Украина складира оружје и муниција во нуклеарните централи

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Во украинските нуклеарни централи распоредени се ракети за американските системи „Хајмарс“ и други странски системи за противвоздушна одбрана, како и артилериска муниција со голем калибар, изјави директорот на Руската служба за надворешно разузнавање (СВР) Сергеј Наришкин.

„Постојат сигурни информации дека украинските вооружени сили складираат оружје и муниција добиени од Запад на териториите на нуклеарните централи. Станува збор за најскапите и најдефицитарните ракети за украинската армија за системите Хајмарс, за странските системи за противвоздушна одбрана, како и за артилериска муниција од голем калибар“, пренесува СВР во неговото соопштение.

Како што пренесува „Спутник“, според разузнавачките податоци, само во последната недела од декември неколку железнички вагони со „смртоносен товар“ биле испорачани од странство во нуклеарната централа во Ровенск.

„Би сакал да се надевам дека никој во Киев не би помислил намерно да разнесе такви складишта со надеж дека ќе ги моли САД и нивните сојузници за повеќе оружје и муниција“, додаде Наришкин.

Слични содржини