Слобода на говор: Северна Македонија прва во регионот со најмалку тужби за клевета и навреда за новинари

од Radmila Tasevska

За разлика од Северна Македонија тужбите за клевета и навреда против новинари и медиуми, на англиски наречени SLAPP, односно стратешка тужба против јавно учество стануваат доста популарни и нивниот број расте во Европа и земјите од регионот.

Во земјите од регионот има се повеќе тужби за навреда и клевета против новинарите од страна на политичарите, во земјава ваквите примери се во постојан пад. Според податоците на независните новинарски здруженија, ситуацијата во регионот е најкритична во Хрватска, каде според Хрватското здружение на новинари има преку 950 активни тужби против хрватски новинари и медиуми со побараувања од преку 10 милиони евра.

Ситуацијата во земајва, сепак за разлика од регионот се подобрува. Како што објави Цивил Медиа, бројот на тужби за навреда и клевета против новинари бележи постојан пад. Во 2016 имало 6 тужби против новинари, 4 во 2017 година, 2 во 2018 година, 7 во 2019 година, 3 во 2020 година, 8 во 2021 година и 2 во 2022 година.

Слични содржини