Брук Шилдс во документарен филм откри дека била малтретирана од човек од филмската индустрија кога имала само 22 години.
Холивудската ѕвезда открива болни работи од своето минато во нејзиниот документарец наречен „Pretty baby“. Таа тврди дека била силувана од моќен човек во американската филмска индустрија. Како што наведува во филмот, тоа се случило набргу откако таа дипломирала и сакала да се занимава со филмска кариера.
Актерката изјавила дека по завршувањето на студиите во Принстон отишла на вечера со маж кој требало да ја запознае со потенцијални проекти кои „ќе ја вратат на голема врата“. По вечерата, ја поканил во неговата хотелска соба, „од која исчезнал на некое време“.
Како што вели таа, тој потоа се вратил целосно гол во собата, а таа била „премрзната од страв“.
„Не пружав отпор. Целосно се замрзнав. Мислев дека „не“ ќе биде доволно, само си помислив: „Остани жива и бегај“, вели таа во документарецот.
Таа вели дека после тоа повикала такси во кое плачела, а таксистот ја однел кај нејзината најдобра пријателка.
Шилдс, која има две ќерки со нејзиниот сопруг, продуцентот Крис Хенчи, долго зборуваше за тоа како била сексуализирана во Холивуд откако се појавила гола во филмот „Pretty Baby“ во 1978 година кога имала само 11 години.