144
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека е неопходно да се продолжат телефонските разговори со рускиот претседател Владимир Путин.
Тонот на таквите разговори „не е непристоен“, и покрај „апсолутно различните“ ставови за ситуацијата, оцени германскиот канцелар, пренесува ТАСС.
„Повторно ќе разговарам со Путин по телефон бидејќи е неопходно да разговараме меѓу себе“, рече Шолц. Тој додаде дека е важно да се врати разговорот на патот како светот да се извлече од сегашната ситуација.
„Условите за тоа се јасни – повлекување на руските војници“, додаде Шолц.