Поранешната порно актерка Миа Калифа, која сега е популарна спортска коментаторка и инфлуенсерка која ја следат речиси 30 милиони луѓе, зборуваше за односите меѓу постарите мажи и многу помладите девојки.
Имено, Миа зборуваше во интервју со манекенката Емили Ратајковски во поткастот „High Low with EmRata“, во кое тие зборуваа за сексуалната работа, врските и односот кон сопственото тело.
Во еден момент, поранешната порно-ѕвезда со либанско потекло рече дека мажите кои несакано бркаат девојки многу години помлади од нив, се жедни за моќ и несреќни.
„Секој човек кој брка девојка значително помлада од него, сериозно му недостасува нешто во животот и мислам дека најголемата работа е самодовербата“, рече Калифа за време на поткастот.
„Мислам, тие не успеваат на толку многу места и ситуации што тоа е единственото место каде што можат да се чувствуваат како да имаат вредност на скалата на моќта“.
Ратајковски се согласи со неа и додаде дека „на крајот тоа однесување е предаторско“.