Папата: Луѓето со хомосексуални склоности се божји деца, бог ги сака

од Stefanija Kuzmanovska
148 прегледи

Папата Франциск вчера изјави дека законите кои ги криминализираат ЛГБТ луѓето се грев и неправда. Папата ова го кажа како одговор на новинарско прашање во авионот со кој се враќаше од посетата на Африка, а во својата позиција го поддржаа двајцата црковни поглавари кои го придружуваа.

„Криминализацијата на хомосексуалноста е проблем што не може да се игнорира“, рече папата, цитирајќи статистика која покажува дека 50 земји во светот ги криминализираат ЛГБТ луѓето „на еден или друг начин“, а 10 земји имаат закони против нив, вклучително и смртна казна.

Шеесет и шест земји-членки на ОН сè уште го криминализираат консензуалниот истополов секс, според ILGA World. Во неколку земји каде истополовиот секс е нелегален, казните може да вклучуваат и смртна казна.

„Тоа не е исправно. Луѓето со хомосексуални склоности се Божји деца. Бог ги сака. Бог ги следи… осудувањето на таков човек е грев. Криминализацијата на луѓето со хомосексуални склоности е неправда“, рече папата Франциск.

Слични содржини