Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во интервју за емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24, изјави дека минималната плата во државата во март ќе се зголеми на над 20.000 денари, а од истиот месец и пензионерите ќе добијат покачување на пензиите.
Тој истакна дека е воспоставено системско решение за покачување на минималната плата и на пензиите и сега покачувањето ќе се случи без разговори, преговори, наддавања.
– Постигнавме фантастично решение пред 12 месеци со социјален дијалог, законот има методологија за покачување на минималната плата, се очекува само заводот за статистика да ги објави податоците и платата да се покачи, нагласи Битиќи.
Потпретседателот Битиќи најави дека ќе има усогласување на платите во јавниот сектор, во март кога ќе има зголемување на минимланата плата.