Брнабиќ: Единствениот „криминал“ на Вучиќ е што се избори за Косово

од Stefanija Kuzmanovska
204 прегледи

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека „единственото злосторство“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ е тоа што се борел за повторно да ја стави Република Косово на агендата на светските сили.

Брнабиќ ова го изјави како одговор на наводите на Рада Трајковиќ, претседател на Европското движење на Србите од Косово и советник во владата на Приштина, дека, како што рече Трајковиќ, „Вучиќ бара од Американците амнестија за себе и неговото семејство во замена за прифаќање на договорот“.

„Вие, Радо Трајковиќ, сте најголемиот срам на нашиот народ. Нема поголем. Точка. Конкуренцијата е жестока деновиве, но ретко кој може да те стигне. Александар Вучиќ се бореше, кога веќе се беше готово, да ја стави Република Косово повторно на дневен ред на светските сили. Тој сам се бореше за тоа. Тоа е неговиот криминал?“, напиша Брнабиќ на Твитер во објава, заедно со која сподели и линк до напис во весникот „Данас“ кој објави интервју со Трајковиќ.

Слични содржини