Компанијата Faraday Future во новото соопштение тврди дека обезбедила доволно средства за почеток на производството на долго најавуваниот модел FF 91.
Според соопштението, тие имаат обезбедено финални договори за 135 милиони долари, што значи дека „добиле доволно финансиски обврски за средствата потребни за производство“.
Компанијата би можела да започне со производство веќе на крајот на март, доколку се оди според планот. Првите модели треба да излезат од производната лента во април, пред да бидат испорачани подоцна истиот месец.
Во изјавата, извршниот директор на Faraday Future, Ксуфенг Чен, рече дека „обезбедувањето на 135 милиони долари е критично и императив за почеток на производството на FF 91, додавајќи: „Ќе го испорачаме FF 91 што е можно поскоро откако ќе ги добиеме средствата обезбедени од ова финансирање“.
Сепак, иднината на Faraday е сè само не сигурна, бидејќи тие имаа само 369 пред-нарачки минатиот ноември. Меѓутоа, доколку FF 91 конечно влезе во производство, интересот од потенцијалните купувачи би можел да оживее.