Северна Кореја на воената парада прикажа најголем број интерконтинентални балистички ракети

од Stefanija Kuzmanovska
161 прегледи

Северна Кореја одржа ноќна воена парада во Пјонгјанг по повод 75-годишнината од основањето на својата војска, на која покажа најголем број интерконтинентални балистички ракети до сега, објави државната новинска агенција KCNA.

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун присуствуваше на воена парада со својата ќерка, која се смета за можен наследник на нејзиниот татко како лидер на Северна Кореја, објави „Ројтерс“.

Северна Кореја прикажа повеќе интерконтинентални балистички ракети (ICBM) од кога било досега, тактички нуклеарни единици и навести ново оружје на цврсто гориво, објавија државните медиуми.

Слични содржини