Курти во Приштина пред парламентот ги изнесе деталите за француско-германскиот предлог

од Stefanija Kuzmanovska
218 прегледи

Премиерот на Приштина, Албин Курти, денеска презентираше детали од француско-германскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, за кој Курти неделава изјави дека Приштина веќе начелно го прифатила.

Курти рече дека француско-германскиот предлог, сега познат како план на ЕУ, не е конечен договор, туку основен договор, кој Приштина го смета за добра основа за понатамошни разговори.

Курти изјави дека во предлогот има ставови кои се однесуваат на де факто признавање, објави „Репортери“.

„Овој договор, кој има цели параграфи и реченици преземени по примерот на две Германии, е основен договор, а не правно обврзувачки конечен договор кој ни е потребен“, посочи Курти.

Тој рече дека не било можно да дојдат од Париз, Берлин и Брисел и да направат конечен договор, бидејќи за тоа ќе треба долга дискусија.

Не ни донесоа предлог „земи или остави“, рече Курти.

Според него, денеска постои меѓусебно непризнавање, а на Приштина, како што рече, „ѝ треба меѓусебно признавање“.

Курти оцени дека Приштина немала предлог во кој има европски и демократски концепти со универзални вредности, како што е планот на ЕУ.

Курти зборуваше и за последното поглавје во кое се зборува за имплементација на претходните договори и рече дека, како што наведе, „во Белград се води политичка војна за да се стави една точка пред друга, така што ЗСО е предуслов и центар“.

Курти иронично ги коментираше некои наводи на опозицијата, велејќи дека колку што му велат да не го прифаќа конечниот договор без меѓусебно признавање, тие зборови треба да му ги кажат и на американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, објави „Коха“.

Слични содржини