Зеленски: Постојано морам да го убедувам Шолц да помогне

од Radmila Tasevska
111 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека „постојано мора да го убедува“ германскиот канцелар Олаф Шолц да и помогне на Украина за доброто на Европа.

Во интервју за германскиот весник Шпигел, тој изјави дека односот што го има со Германија е полн со подеми и падови.

„Морам постојано да вршам притисок да и помогнам на Украина и постојано да го убедувам Шолц дека оваа помош не е за нас, туку за Европејците“, рече Зеленски.

Украинскиот претседател рече дека е благодарен што Германија ги испратила противвоздушните системи IRIS-T, кои, според него, спасиле многу животи, но дека ситуацијата со испраќањето тенкови ги вратила односите меѓу Германија и Украина во „тешка фаза‘.

Германија на крајот на јануари одлучи да испрати тенкови Леопард 2 во Украина, а „Шпигел“ потсетува дека и пред тоа Германија беше вториот најголем донатор на воена опрема на Киев по САД.

 

 

Како што потсетува германскиот весник, Шолц претходно го критикуваше јавниот „натпревар“ меѓу некои земји за тоа кој може што побрзо да и достави најмногу оружје на Украина, со образложение дека таквите одлуки мора да се носат доверливо и дека одлуките мора да бидат производ на комуникација меѓу партнерите.

Слични содржини