134
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денес изјави дека Москва води борба слична на конфликтите против францускиот император Наполеон и нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер.
Се погласни се повиците за распаѓање на нашата земја, рече Лавров.
Тој изјави дека оние кои се обидуваат да го контролираат меѓународниот поредок, економските односи и целата меѓународна политика решиле да и нанесат стратешки пораз на Русија.
Тие решија да се потпрат на искуствата на Наполеон и Хитлер, отворено поставувајќи за своја цел елиминација или максимално слабеење на Русија, рече Лавров, пренесува ДПА.